Кристијано Роналдо се подготвува за Европското првенство. На пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Ирска, 39-годишниот фудбалер имаше специјална придружба.
Славниот спортист излезе на теренот со девојче со церебрална парализа, кое е во инвалидска количка. Со голема грижа и посветеност тој ѝ помагаше на слатката Софија да стигне до точното место.
За време на химната, Роналдо постојано ја држеше Софија за раката и ја бакна на челото.
Мајката на Софија, која го води нејзиниот профил на Instagram, сподели фотографии, видеа и порака. „Си заминавме со полни срца“ – напиша таа.
Видео:
Humble Cristiano with the little girl before the start of the match
— Saeed ALHujili (@saeed3373) June 11, 2024
pic.twitter.com/Ojs7tttuYw