Кога беше најавено дека Џенифер Лопез и Шакира ќе застанат на сцената на полувремето на Супер Боул, стана јасно дека мулти милионската публика од целиот свет ќе ужива во динамичен настап.
Двете латино диви со „заразна“ енергија изведоа микс од хитови.
Шакира го започна шоуто со „She Wolf“, „Empire“, „Whenever, Wherever“, „Chantaje“, „Hips Don’t Lie“, а Џеј Ло продолжи со „Jenny From The Block“, „Ain’t It Funny“, „Get Right“, „Waiting For Tonight“, „Love Don’t Cost A Thing“...
43-годишната Колумбијка и 50-годишната Американка го завршија настапот со „Waka Waka (This Time for Africa)“.