Почетна » Новости » Шоу-бизнис » За едни вулгарен, за други спектакл за аплауз: Настапот на Шакира и Џенифер Лопез на Супер Боул ги подели гледачите

За едни вулгарен, за други спектакл за аплауз: Настапот на Шакира и Џенифер Лопез на Супер Боул ги подели гледачите

На полувремето на Супер Боул, Џенифер Лопез и Шакира ја забавуваа милионската публика, која остана со поделени мислења за нивната изведба.

Додека за едни нивниот настап беше вулгарен, неморален, премногу секси за деца и провокативен, други им аплаудираа на двете латино пејачки за спектаклот.

Џенифер Лопез и Шакира Џенифер Лопез и Шакира

„Апсолутно најлошото, највулгарното полувреме досега. Се срамев од моите деца“, „Несоодветно за деца на полувреме од Супер Боул. Генерално поради аутфитите на Џеј Ло“, „Одвратно, вулгарно, ја преминува линијата, несоодветно, грозно...“ – ова беа само дел од негативните коментари на социјалните мрежи.

Џенифер Лопез и Шакира

Сепак двете музички ѕвезди привлекоа и голем број комплименти. Многу од гледачките беа согласни дека жените треба повеќе да се поддржуваат наместо да се осудуваат една со друга. Други жени посочија дека минатата година сите му аплаудираа на Адам Левин кога се соблече за време на полувремето на Супер Боул.

„Бев восхитена синоќа додека ги гледав овие две моќни, инспиративни, латино жени како му приредуваат шоу на светот. Ви благодарам што им покажавте на девојките насекаде дека можат да бидат она што сакаат да бидат во овој живот и да го прават тоа со грациозност, сила, радост, љубезност и многууу бунтовност“ – напиша Камила Кабејо.

„Неверојатни“, „Шоуто беше спектакуларно како што се очекуваше“, „Кралици“ – коментираа корисниците на интернет.

Џенифер Лопез и Шакира Џенифер Лопез и Шакира

Една мајка, напиша колумна за Love What Matters во која ги поддржа двете пејачки и испрати порака дека жените треба да се држат една со друга.

Шакира е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.

Таа е дел од бројни фондации кои се борат против неухранетоста кај децата во Колумбија.

На 18-годишна возраст, таа беше на чело на организација која се залагаше за подобрување на квалитетот на живот за тие деца и за нивните семејства.

Џенифер Лопез има работено со Amnesty International за да помогне во борбата со трговијата со луѓе.

Таа има работено со бројни фондации кои се борат за правата на мајките и децата.

Со нејзината сестра, таа создаде фондација која го зголемува пристапот до здравствена нега и здравствено образование за оние кои имаат потреба од тоа.

НАД СЕТО ТОА тие се неверојатно талентирани жени, неверојатни изведувачки и креативни умови.

Ако си жена, а ги бодреше со целата твоја сила овие две жени синоќа, извини, ама допрва ќе треба да научиш дека сме многу посилни ако се поддржуваме една со друга.

Сакаш да се качуваш по таа шипка Џен? Повели!

Сакаш да ги тресеш колковите Шакира? Само напред!

Одамна престанав да ги осудувам жените.

Популарните пејачки вметнаа и политички пораки во својот перформанс. Децата во кафези ги претставуваат мигрантите во САД и на одреден начин се „кревање на глас“ против политиките на Доналд Трамп.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.