Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на првите музички награди на iHeartRadio. Ријана доминираше по бројот на освоени статуетки, а особено впечатлив беше и нејзиниот стил.
26-годишната музичка ѕвезда освои четири награди, меѓу кои и за Изведувач на годината и Песна на годината за баладата „Stay“. На манифестацијата Ријана се појави во проѕирна креација од високата мода на Живанши, а целосниот стајлинг го надополни со фризура инспирирана од 90-тите години и со нестандарден зелен кармин.
Џенифер Лопез ѝ ја додели на Ријана наградата за Изведувач на годината. 44-годишната актерка и пејачка се појави на свеченоста во краток фустан со бисерни декорации од Зухаир Мурад.
Шакира го збогати музичкиот дел на манифестацијата, изведувајќи ја песната „Empire“. Пред да блесне на сцената, таа зачекори на црвениот тепих во црно-бела креација со перфорации од Азедин Алаја.