Се очекува енергичен и впечатлив настап на полувремето на Супер Боул 2020 од две латино дами. Џенифер Лопез и Шакира дефинитивно ќе ја раздвижат публиката во Мајами, Флорида.
Славните пејачки денес одржаа прес-конференција за претстојниот спортски настан, кој секогаш е зачинет со музички перформанс.
Тие ветија неверојатно шоу, но и зборуваа за неодамнешната смрт на Коби Брајант. „Тоа повторно нè потсетува колку кревок е животот, дека треба да го цениме секој момент и да ги сакаме луѓето кога се тука и да не чекаме. Толку лесно сè може да ни биде одземено“ – рече Лопез.
„Потоа мислам на Ванеса, како мајка која го изгубила најдобриот пријател и партнер и своето дете. Помислувам колку лошо ѝ е во моментов... Се молам на Бог да ја води низ секој момент, затоа што таа има уште три бебиња за кои мора да се грижи“ – дополни Лопез.
Во текот на настапот, тие ќе му оддадат почит на прерано починатиот Коби.