Софија Вергара има поддршка каде и да се појави. На промотивен настан во Лос Анџелес, организиран од брендот Toma, атрактивната Колумбијка беше придружувана од синот Маноло.
51-годишната ѕвезда од „Modern Family“ и „Griselda“ ги истакна облините во црна комбинација со проѕирен корсет. Монохроматската комбинација таа ја разби со впечатливи сандали од Долче и Габана.
Нејзиниот 32-годишен син носеше елегантен костум и бела кошула.
Покрај Маноло, со Вергара беше и нејзината внука Клаудија, за која обожавателите велат дека е нејзина копија.