Ријана не се плаши да ја покаже својата природна коса без перики и надградби.
На лансирањето на новата линија за коса на нејзиниот бренд Fenty, 36-годишната пејачка привлекуваше погледи со кратката фризура. Таа беше облечена во бордо миди фустан кој го комбинираше со складна јакна и накит од Sabyasachi.
Нејзината линија е инклузивна и наменета за сите типови коса.
„Знаете колку ми значи менувањето на фризура. Сум ја имала речиси секоја текстура, боја, должина – од кадрици до плетенки до природен изглед. Лансирам флексибилна линија продукти кои не само што ќе бидат наменети за секоја коса, туку секој производ е дизајниран за да ги зајакне и обнови сите типови на коса, што ни е на сите потребно“ – стои во изјавата на Ријана.
Ријана се појавува втор ден по ред во јавност со својата природна коса. Таа најчесто експериментира со изгледот, носејќи перики.