Покрај актерските, Ема Востон ги покажа и своите вокални способности во „Убавицата и ѕверот“. Филмската екипа на социјалните мрежи објави видео снимка во која 26-годишната актерка го пее хитот „Something There“.
Колку повеќе детали се откриваат за филмот, толку повеќе фанови на дизниевите бајки се согласуваат дека Вотсон е совршен избор за улогата на Бела.
Видеото досега е прегледувано над 12 милиони пати на Facebook и има 340.000 допаѓања.
Филмот ќе започне да се прикажува во киносалите на 17 март оваа година. Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, додека арогантниот Гастон ќе биде глумен од Лук Еванс.









