Една од најпознатите детски бајки ќе оживее на големото платно. Анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“ ќе добие филмска верзија.
Првите официјални фотографии го зголемуваат љубопитството на фановите на дизниевите хитови.
Ема Вотсон, која ќе влезе во улогата на Бела, за „Entertainment Weekly“ изјави: „Не се сеќавам колку многу пати го имам гледано како дете. Ги знаев сите зборови напамет. Ги знаев сите песни напамет.“
Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, додека арогантниот Гастон ќе биде глумен од Лук Еванс.
Филмот, режиран од Бил Кондон, ќе започне да се прикажува во киносалите на 17 март следната година.
Потсетете се и на првото објавено видео од филмот: