Конечно Дизни им дозволи на фановите да ѕирнат како ќе изгледа филмската верзија на познатата бајка „Убавицата и Ѕверот“.
Видеото нè носи во замокот на Ѕверот и ни покажува моменти од приказната кои сите добро ги знаеме – како таткото на Бела завршува во замокот на Ѕверот, зближувањето на Бела и Ѕверот, припремите на Гастон да го убие Ѕверот...
Главната женска улога ѝ припадна на Ема Вотсон. Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, додека арогантниот Гастон ќе биде глумен од Лук Еванс.
Филмот, режиран од Бил Кондон, ќе започне да се прикажува во киносалите на 17 март следната година.