Ева Лонгорија умее да се пошегува на своја сметка. Славната актерка деновиве престојува во Кан, како дел од екипата на L'Oreal и во повеќе наврати позираше заедно со модели.
Со висина од 157 сантиметри, Ева е значително пониска од долгоногите манекенки, па токму за тоа се пошегува на своја сметка на Instagram.
Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ потенцира дека иако носела штикли високи 13 сантиметри, сепак не успеала да ги достигне главите на убавиците со кои беше опкружена.
Со фотографијата од забавата на L'Oreal, Ева објави и хаштаг „Сериозно ниска“.




Ова не е првпат Ева шеговито да се споредува за висината со модел. Неколкупати таа позираше со Карли Клос и ја исмејуваше разликата во висината.
