Селма Блер знае како да остави впечаток каде и да се појави и не дозволува болеста да ја запре.
52-годишната актерка која страда од мултипла склероза (МС) од првиот ред ја проследи ревијата на Schiparelli, која се одржа во рамките на Париската недела на високата мода. Таа носеше бежов костум со волуменозни панталони, а наместо вратоврска имаше плетенка од коса со складна боја како нејзината. Многумина упатија комплименти за нејзиниот стајлинг.
За време на модното шоу на француската модна куќа беше прикажана колекцијата висока мода за сезоната есен/зима 2024.
На почетокот од месецот, Селма откри дека се чувствува многу подобро и дека е во ремисија од болеста по трансплантацијата на коскена срцевина.
Во ноември минатата година, таа изјави:
„Во ремисија сум откако ми беше направена трансплантација на коскена срцевина за да се запре прогресијата на МС, која гореше многу, многу години“.