Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион со солзи во очите сред концерт им оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад

Селин Дион со солзи во очите сред концерт им оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад

Терористичкиот напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, а беа повредени 119, ги потресе музичките ѕвезди. Многу од нив преку социјалните мрежи го изразија своето сочувство до засегнатите во крвавиот настан.

Селин Дион го искористи својот концерт во Лас Вегас за да им оддаде почит на жртвите и засегнатите семејства и ги повика луѓето да се борат против тероризмот. 49-годишната пејачка ги замоли присутните да се фатат за раце еден со друг.

Дион не можеше да ги скрие емоциите додека го држеше својот говор: „Ајде да застанеме сите на нозе за Манчестер и да им покажеме дека се грижиме. Го снимаме ова и ќе им го испратиме преку океанот на тие убави души“ – рече таа пред моментот на молчење. „Тие ќе ве видат и да, ќе ја почувствуваат вашата љубов, па ви благодарам многу за овој прекрасен момент“ – додаде таа.

Видео

Славната пејачка сподели и дел од снимката на својот профил на Instagram, како и фотографии од емотивниот момент:

A post shared by Céline Dion (@celinedion) on

Селин Дион Селин Дион

Непосредно по нападот, Дион напиша на Instagram: „Нема зборови кои ќе ја опишат длабоката тага која ја почувствував кога ги дознав трагичните новости за Манчестер... бесмислената загуба на толку многу прекрасни души. Моите молитви и мисли се насочени кон оние кои загубија блиска личност и кон оние кои страдаат. Се молам да имате храброст и сила да поминете низ ова. Јас сум со вас. Ви ја испраќам мојата љубов, Селин...“.

A post shared by Céline Dion (@celinedion) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.