Продолжението на долгометражниот филм „Сексот и градот“, кое што треба да се појави во мај наредната година, има предиспозиции да стане огромен хит.
Сара Џесика Паркер се враќа на големото платно во улогата на Кери за да ни покаже што се случува во животите на 4-те пријателки две години по настаните од првиот филм.
Многу се пишуваше за тоа кој ќе гостува во филмот и каде ќе нè однесат атрактивните хероини, но сега ќе можете да видите што од тоа е вистина.
Првиот трејлер иако не ни кажува многу за сценариото, ни дава да ѕирнеме барем за кратко во она што не очекува. Еве неколку фотографии од снимањето на филмот во Мароко.
„Сексот и градот 2“ - трејлер
Погледнете го трејлерот на долгоочекуваното продолжение на „Сексот и градот“.