Сара Џесика Паркер и Крис Нот повторно се обединија. Славните актери, кои ги имаат улогите на Кери Бредшо и Мистер Биг, беа фотографирани на снимањето на продолжението на „Сексот и градот“.
На филмскиот сет во Њујорк, Паркер носеше впечатлив стајлинг со моден додаток на главата додека разговараше со Нот.
Кери Бредшо и Мистер Биг им се омилен пар на многу љубители на популарната серија. Според сценарија кои протекоа во јавноста, во новите епизоди тие нема да бидат заедно како љубовен пар. Но, што точно ќе се случува помеѓу нив во продолжението, останува да видиме.
Мини серијата „And Just Like That“ ќе се прикажува на HBO Max.