Новите фотографии од „And Just Like That“ најавуваат обновување на романсата помеѓу Кери Бредшо и Ејдан Шо.
За втората сезона од продолжението на „Sex And The City“, Сара Џесика Паркер и Џон Корбет снимаа сцена во која се држат за раце. Фотографиите беа објавени на официјалниот профил на серијата, а во описот стои: „Шшш, не кажувајте никому“.
Кери и Ејдан се состануваа долго време пред таа да го изневери со Мистер Биг. Тие за последен пат се видоа во вториот филм „Sex And The City“. За време на вечерната средба, Кери и Ејдан споделија романтичен бакнеж, иако и двајцата беа во брак со други.
Што ќе се случи следно.... останува да видеме.