Започна снимањето на „And Just Like That“, продолжението на култната серија „Сексот и градот“ (Sex and the City).
Трите хероини Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис во Њујорк ги снимаат најавените десет епизоди во кои нема да се појави Ким Катрал (Саманта).
На првите фотографии, Паркер и Никсон ги покажуваат природните седи коси додека ги оживуваат ликовите Кери Бредшо и Миранда Хобс.
И Крис Нолт (Мистер Биг), Дејвид Ајгенберг (Стив), Еван Хендлер (Хари) и Вили Гарсон (Стенфорд) прифатија да ги репризираат нивните улоги.
Новите епизоди ќе се прикажуваат на HBO Max.
„Сексот и градот“ беше снимена според истоимениот роман на Кендас Бушнел, а шесте сезони беа емитувани од 1998 до 2004 година.