Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сексот и градот 2“ го враќа стилот од 80-тите

„Сексот и градот 2“ го враќа стилот од 80-тите

Сара Џесика Паркер (Кери Бредшоу)Сара Џесика Паркер во „Сексот и градот 2“

По големиот успех на филмот „Сексот и градот“, сигурно сите со нетрпение ги очекувате новите авантури на четирите атрактивни хероини. А додека новото продолжение да се појави на големото платно, можеме да ви понудиме само информација за дел од она што ќе се случува во него.

Во интервју за популарното списание People, стилистката на „Сексот и градот 2“, Патриција Филд, откри некои детали од снимањето на филмот.

Филмот започнува со Кери Бредшоу, која ги чека своите пријателки за да одат на шопинг. Додека чека, таа започнува да се потсетува за времето кога за прв пат се преселила во Њујорк во 80-тите години и за тоа како ги запознала Саманта и Шарлот.

Облеката на актерките, која го изразува незаборавниот стил од 80-тите години, ќе внесе свежина во и така интересното сценарио.

Во првиот филм четирите пријателки отпатуваа во Мексико, а овој пат не е исклучено да одат на некое поегзотично место. Според информациите дадени од Патриција, филмот веќе 6 недели се снима во Мароко.

Кери и Шарлот во стилот на 80-тите

„Најверојатно ќе видите танчерки на стомачни танци и бедуини.“ – откри Филд.

Досега е познато дека гости во идниот хит ќе бидат и Мајли Сајрус и Пенелопе Круз, но можеби тоа не е крај на изненадувањата.

Сè потврдува дека идната година нè очекува интересен филм.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.