Канскиот филмски фестивал ги примами врвните модели да одлетаат на француската ривиера. Ирина Шајк не беше исклучок.
Иако се породи пред само два месеци, 31-годишната манекенка блескаше на црвениот тепих и мамеше воздишки со привлечната фигура. Убавата избраничка на Бредли Купер шармираше во припиена жолта креација од ателјето на Версаче и накит од Лорејн Шварц на премиерното прикажување на „Hiraki (Radiance)“.












Неколку часа претходно, Ирина беше фотографирана на аеродромот во Ница во црн комбинезон.


Шајк и Купер се во врска околу две години, а му посакаа добредојде на своето прво дете во март годинава.