Почетна » Новости » Занимливости » Северина лебди на меурчињата на љубовта на „Пелистерка“

Северина лебди на меурчињата на љубовта на „Пелистерка“

Волшебните меурчиња на „Пелистерка“ ја подигнаа хрватската поп-ѕвезда Северина над Шибеник. Заедно со шармантниот придружник, летаат над покривите на стариот град и препознатливите улици на хрватското приморско место.

Ова се дел од кадрите од новиот промотивен спот за минералната вода „Пелистерка“, чие заштитно лице е популарната пејачка. Симпатичното видео со брканицата на Северина и нејзиниот партнер, за најпознатиот бренд за вода од Македонија, веќе се емитува на нашите телевизиски канали, а наскоро ќе биде прикажан и на повеќе популарни телевизии од регионот.

Северина

Спотот за газираната вода „Пелистерка“ беше сниман кон крајот од минатата година во хрватскиот град Шибеник, на истите локации кои фановите на популарната телевизиска серија „Игра на тронови“ лесно ќе ги препознаат. Освен што „лета“, Северина во спотот покажува и завидни каскадерски вештини.

Северина Северина Северина

- Ова ми беше едно од поубавите снимања. Кога ќе се сконцентрирате на тоа што го работите и сакате да биде добро, тогаш ништо не е премногу тешко. Во воздух беше прекрасно, бев поблиску до сонцето. Јас ретко пијам газирани пијалоци, но навистина сакам да пијам „пелистерка“. Ми ја гаси жедта и сум среќна што рекламирам пијалак кој навистина ми се допаѓа – изјави Северина по снимањето на спотот.

Нејзин партнер во спотот е Антонио Лујак, хрватски топ модел и актер кој живее и работи во Њујорк и Лос Анџелес. Пред да снима со Северина, Лујак работел на модни едиторијали со многу познати лица, меѓу кои и со Ева Лонгорија.

Спотот на „Пелистерка“ е креативно решение на маркетинг агенцијата Њу Момент – Скопје и на неговата реализација работеше врвна интернационална екипа од Македонија, Хрватска и Словенија. Режисер на спотот е Невио Марасовиќ, извршен продицент е Миа Печина, директор на фотографија е Свен Пепеоник, а за координација на каскадерите беше задолжен познатиот каскадер Рок Цветков, Македонец кој долги години работи за холивудските ѕвезди.

- Снимањето на спотот беше напорно за целата екипа, но на крај добивме уникатен и неверојатно интересен производ од кој сите сме презадоволни. Северина е вистински професионалец кога станува збор за работа и навистина сме среќни што е дел од тимот на „Пелистерка“. Освен што е неверојатно професионална, таа е поим за моќна убавина, уникатен стил и непресушна енергија, карактеристики кои што се препознатливи за нашата вода. Токму затоа и ја избарвме за наше заштитно лице – изјавија од менаџерскиот тим на „Пелистерка“.

Една од најголемите и најмодерните фабрики за вода на Балканот, на компанијата Пелистерка, веќе на големо ја извезува препознатливата македонска вода на пазарите во Србија, Бугарија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово. Пелистерка важи за пионерот во атрактивните промоции со познати женски личности од јавниот живот во Македонија, а таа стратегија ја продолжува и со Северина. Засилени со популарната пејачка, од „Пелистерка“ за годинава најавуваат интензивни и интересни активности.

Рекламниот спот на „Пелистерка“ со Северина може да го погледнете на следниот линк:

http://pelisterka.mk/wp-content/uploads/2017/04/Pelisterka-1_MK_37s_Youtube.mp4


Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.