
Сара Џесика Паркер изјави дека многу жали што се согласи да учествува во продолжението на долгометражниот филм „Сексот и градот“.
Причината за таа изјава не е ништо друго, туку нејзиниот мајчински инстинкт. По доаѓањето на свет на нејзините две ќеркички, кои беа родени од сурогат-мајка, Сара посакува да размислела два пати пред започнувањето на снимањето на долгоочекуваниот филм.
„Сè е прекрасно, но комплицирано поради моите работни обврски, за кои искрено многу жалам.“
Големата ѕвезда, позната по улогата на Кери Бредшоу, за списанието Glamour откри и дека не се жали за својот зафатен живот.
“
Тоа е вечниот конфликт на секоја работна жена. Големиот предизвик за мене е да бидам сè за сите луѓе. Сакам да бидам одлична мајка и сакам да се чувствувам добро кога сум на работа, но многу е тешко.
Очигледно Сара Џесика Паркер се бори да одржи баланс помеѓу нејзиниот приватен живот и кариерата. Да ѝ посакаме среќа, затоа што „Сексот и градот“ никогаш нема да биде ист без неа, а на нејзините малечки им треба вистинска мајка.