Џенифер Лопез објави фотографии од специјалниот момент кога Алекс Родригез клекна на колено и ја побара за жена.
Предлогот за брак се случил на зајдисонце на плажа на Бахамите.





„Нема многу зборови кои би ги споделил со вас, само чувства. Благодарност. Возбуда. И само... радост“ - напиша тој.
Големиот свршенички прстен се претпоставува дека чини неверојатни 5 милиони долари.


Парот беше уловен и од папараците додека уживаше на плажа.



Ова ќе биде четврт брак на 49-годишната пејачка и втор на 43-годишниот поранешен спортист. Лопез и Родригез се во врска две години. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови.
