Јелена Томашевиќ одржа феноменален концерт во Белград. Талентираната пејачка ја забавуваше и разнежнуваше огромната публиката во Сава центарот.
35-годишната музичка ѕвезда изгледаше како модерна принцеза во креација во лаванда нијанса. Во еден момент, на сцената се појави нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ и заедно танцуваа, додека таа ја пееше песната „Златни дан“.
Овој романтичен момент беше овековечен со фотографии и видеа. Заљубениот пар со бакнеж го заврши танцот.




Јелена не можеше да си ги задржи солзите кога публиката го прекина концертот за да ѝ даде громогласен аплауз.




Претходно, Јелена на сцената носеше креација од ателјето на Тијана Тодоровиќ.






Јелена и Иван се во брак од 2011 година и заедно имаат една ќерка.