За новогодишната вечер Ријана ќе настапува во Абу Даби и само со тој настап таа ќе го зголеми салдото на својата сметка со 500 000 долари.
Но, за да се појави на сцена од неа било побарано да биде традиционално облечена и доволно покриена.
Плановите на Ријана воопшто не биле според тоа барање. Според изјавата на анонимен извор за Daily Mirror, Ријана сакала во Абу Даби да го направи своето најексцентрично и најпровокативно шоу досега.
Поради тоа што дрес-кодот во Абу Даби не вклучува разголена облека, сега целиот тим на Ријана работи на создавањето на колку што може поскромна облека која не открива многу од телото на сексапилната пејачка.
Ријана не е единствената ѕвезда од која е побарано да внимава на својот изглед за време на настап. Во октомври оваа година од познатата Бијонсе беше побарано да не носи провокативна облека за нејзиниот настап во Малезија, кој на крајот беше и откажан.
Во иста ситуација се најде и Гвен Стефани во 2007, кога за својот настап во Малезија требаше да го покрие своето тело со непровокативни алишта.