Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана: „Секоја жена треба да си направи голи фотографии“

Ријана: „Секоја жена треба да си направи голи фотографии“

Ријана

Додека некои жени се срамат да се соблечат по костим за капење, други пак имаат желба и храброст да се покажат пред очите на јавноста „како од мајка родени“.

Американската R&B пејачка Ријана советува дека сите жени треба да имаат доволно самодоверба за да го покажат своето голо тело пред камера.

„Секоја жена треба да си направи „голи“ фотографии. За пет години моето тело можеби нема да изгледа вака како што изгледа денес! Секси на 19 и секси на 21 се две различни нешта.“

21-годишната пејачка на сегашниот хит „Руски Рулет“, веќе еднаш призна дека се чувствувала понижена кога на почетокот на оваа година во јавноста се појавија нејзини „голи“ фотографии, кои му ги испратила на своето момче.

Сепак, младата убавица застана во одбрана на својата одлука да ги направи фамозните фотографии: „Ако не му праќате на вашето момче свои голи фотографии, тогаш го сожалувам него.“

Очигледно самодовербата на Ријана расте заедно со нејзината популарност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19681 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.