Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана призна дека е во врска со Мет Кемп

Ријана призна дека е во врска со Мет Кемп

Ријана и Мет Кемп

Иако уште во почетокот на јануари во јавноста се појавија слики од Ријана и Мет Кемп на кои јасно се гледаше дека се многу повеќе од пријатели, досега двајцата ја негираа врската пред медиумите.

За време на интервју со Рајан Сикрест за радиото KIIS FM, Ријана за прв пат признала дека е во врска со славниот безбол играч, но инсистирала дека нивната врска не е сериозна.

„Тој ми е момче. Ново е, забавно е. Ништо сериозно. Сега не сакам ништо што ќе ми зема многу енергија и време“ – изјавила славната пејачка.

Сè уште остануваат непотврдени гласините дека Ријана и Мет сакаат да стапат во брак или дека размислуваат да живеат заедно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.