Ријана е повторно бремена. Славната пејачка ја откри убавата вест истакнувајќи го трудничкото стомаче за време својот настап на Супер Боул.
34-годишната музичка ѕвезда носеше црвена модна комбинација и ги изненади сите појавувајќи се на сцената во блажена состојба, само девет месеци по раѓањето на синчето.
Ова е првпат по пет години, Ријана да има настап во живо. Таа на сцената ги изведе своите најголеми хитови. Погледнете го спектакуларниот настап:
I don’t think @rihanna understand the level of excitement she brought to everyone that loves her and her music. She sang classics that made us go way back. Danced and sang while pregnant. Epic! #FentyBowl #RihannaSuperBowl #Rihanna pic.twitter.com/ic4piMumkp
— Maybe Later (@MaybeLa78670644) February 13, 2023
Ријана и Ејсап Роки станаа родители на 13 мај 2022 година. Сега, девет месеци подоцна, тие го очекуваат второто дете.