Додека работи на нова музика, Ријана го избегнува медиумското внимание, но не успеа да ги заобиколи папараците пред почетокот на нејзината забава во Сохо, Лондон.
Славната пејачка покани Instagram ѕвезди и мејкап артисти за да го промовира најновото од својот козметички бренд Fenty Beauty.
На забавата, 31-годишната ѕвезда се појави во целосно жолта комбинација и пееше караоке и танцуваше со гостите.
Ријана со заводливи фотографии ги најави новите козметички производи, но и новата долна облека од линијата SavagexFenty.