Покрај Елтон Џон и Vanity Fair, и Бијонсе и Џеј Зи организираа забава по повод Оскарите, па поканија бројни славни личности.
Една од нив беше Ријана, која беше фотографирана од папараците додека се упатуваше на прославата. 31-годишната музичка ѕвезда носеше мини фустан со леопардски принт од Александар Воте и црни сандали.
Таа сподели и неколку фотографии на Instagram.






