Додека најголемиот дел од луѓето во светот на 31 декември слават трошејќи, ѕвездите од шоу-бизнисот гледаат на нова година како на уште еден работен ден.
Зошто? Затоа што нивните хонорари за новогодишната вечер ги надминуваат сите очекувања.
Екстравагантната Ријана ќе биде само една од ѕвездите кои ќе ја поминат последната вечер од годината работно. За нејзиниот настап во Emirates Palace Hotel во Абу Даби, младата пејачка ќе добие неверојатни 500 000 долари.
Тоа ќе биде првиот настап на Ријана на Блискиот Исток. Таа требаше да има настап во Дубаи во мај оваа година, но го одложи поради трагичниот инцидент со Крис Браун.