По 10 години брак, Брус Вилис и Ема Хеминг ги обновија брачните завети на нивниот имот на архипелагот Туркс и Кајкос. Сега, славниот актер ја продава грандиозната куќа за 33 милиони долари.
Луксузниот имот се протега на површина од 1.250m2 и располага со 11 спални соби, 13 бањи, неколку базени и две мини вили за гости.
Вилис го купи земјиштето во 2000 година, каде потоа ја изгради големата куќа.
Погледнете неколку фотографии од обновувањето на брачните завети на Брус и Ема, на кое присуствуваа и нивните две ќерки и други членови на семејството.
Брус и Ема се во брак од 2009 година и заедно имаат две ќеркички. Вилис има и три поголеми ќерки со поранешната сопруга Деми Мур – Румер, Скаут и Талула.