Том Круз со хеликоптер слета на премиерата на „Top Gun: Maverick“ во Сан Диего и ги одушеви присутните.
59-годишниот актер се појави на црвениот тепих облечен во елегантен костум.
Видео
Иако беше објавено дека самиот тој го пилотирал леталото, во интервју за ET, Круз рекол дека овој пат не бил пилот. „Не, денес не. Јас управувам со хеликоптер, но не денес“ – изјавил актерот.
Круз се стекна со пилотска дозвола пред 28 години и оттогаш има изведувано многу опасни акробации за своите филмски улоги.
Продолжението на „Top Gun“ е снимено повеќе од три децении по оригиналниот блокбастер и ќе започне да се прикажува во киносалите на 27 мај.