Сара Џесика Паркер е тешко препознатлива на корицата на новото издание на „Harper’s Bazaar“. Недискутабилно е дека во процесот на дигиталната обработка на фотографиите премногу се променети препознатливите црти на славната актерка.

На останатите фотографии од едиторијалот, 50-годишната холивудска ѕвезда изгледа поприродно, иако фризурата со шишки ѝ дава нов изглед.
Алекси Љубомирски ја фотографираше Паркер, облечена во креации од Balenciaga, Valentino и Altuzarra.




Паркер беше фотографирана на два настани во рамките на Њујоршката недела на модата.



Вчера Паркер беше во публиката на бејзбол натпревар заедно со сопругот Метју Бродерик и синот Џејмс.

