Како дел од низата музички настапи под називот „Белград победува“ и Саша Ковачевиќ одржа свој концерт сред Белград.
Во празниот главен град на Србија, шармантниот пејач ги изведуваше своите хитови во придружба на својот бенд.
ВИДЕО:
„Драги мои, моја желба е на сите кои ќе нè гледаат и слушаат мене и мојот драг бенд за време на полицискиот час, да им ги растерам мрачните мисли и преку музиката да ги споделам со вас најубавите чувства. Сакам да пееме заедно и гласно за здравствените работници со цел што побрзо да стигнат подобри и безгрижни денови со повеќе поводи за дружење“ – напиша Ковачевиќ.