Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац ретко се појавуваат заедно во јавност.
Токму затоа, модерниот пар привлече големо внимание на прослава по повод првиот роденден и крштевката на Лав, синот на манекенката Дејана Живковиќ.
37-годишниот српски пејач и поранешната мисица насмеани и среќни позираа на забавата. Зорана беше облечена во двобојна сино-бела комбинација, додека Саша шармираше во тегет костум и бела кошула.
Саша и Зорана се во врска од 2017 година. Пред новинарите присутни пред ресторанот каде се одржуваше забавата, тој изјави дека планира да се оствари како татко кога ќе дојде моментот за тоа.