По едногодишна пауза, Саша Ковачевиќ со БУМ се враќа на музичката сцена.
37-годишниот српски пејач го објави спотот за новата песна „Greška“, снимен во Азербејџан. За само 3 дена, видеозаписот има над 1 милион прегледи на YouTube и е на пат да стане вистински летен хит.
Музиката ја потпишуваат Саша и неговиот брат Раде, а зад текстот на песната стои Милан Милетиќ.
„’Greška’ is out. Летото може да започне. Уживајте“ – напиша Саша на Instagram.