Натали Портман стапи во брак со францускиот танчар и кореограф Бенџамин Мијипје. Парот, кој пред 14 месеци го доби своето прво дете, се заколна на вечна љубов на интимна церемонија во Биг Сур, Калифорнија.

Според првите информации, свадбата била само за најблиските пријатели и семејството и на неа присуствувале само 60 гости.
„Black Swan“ беше филмот кој ги зближи Натали и Бенџамин. Тие се запознаа во 2009 година на снимањето на филмскиот хит во кој Натали ја имаше главната улога, а Бенџамин беше кореограф. Во декември наредната година тие ја објавија својата свршувачка, но и веста дека ќе станат родители. Во јуни 2011 година Натали го роди нивниот прв син Алеф.

„Ништо не е поважно од мојот личен живот. Тој секогаш доаѓа на прво место, секогаш има смисла, а споредено со среќата од успешниот семеен живот, сè останато е плитко“ – изјави неодамна Натали за француското списание „Madame Figaro“.