Натали Портман има по што да ја памети 2010 година. Денес нејзиниот претставник потврди дека 29-годишната актерка се свршила со кореографот Бенџамин Мијипје и дека заедно го очекуваат своето прво дете.

Натали и Бенџамин се запознаа на снимањето на нејзиниот нов филм „Black Swan“. Бенџамин е кореограф на филмот, а Натали е во главната улога. Првите вести дека се состануваат се појавија во јануари оваа година. Се претпоставува дека е можно Натали да добие Оскар токму за својата улога во овој филм.
Сè уште нема информации за терминот за породувањето или за датата на свадбата.