Кралското бебе и неговите родители принцот Вилијам и војвотката Кетрин ја напуштија болницата „St. Mary“ во Лондон.
Излегувањето од болницата се случи пред очите на јавноста.
Кетрин се породи вчера во 16.24 часот по локално време и роди здраво момче тешко 3,8 килограми. Мајката и бебето останаа во болницата во текот на ноќта. „Не можеме да бидеме посреќни“ – пишува во краткото соопштение за јавноста од принцот Вилијам.