Кралското семејство од Монако ги претстави пред светот своите најмлади членови. Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин ги споделија првите фотографии од малите близначиња Жак и Габриела.
Шарлин се породи на 10 декември во болницата која го носи името на мајката на Алберт, незаборавната Грејс Кели. Иако малата Габриела се родила прва, Жак ќе биде наследник на принцот Алберт поради законите за предност на машките деца.
Ова се први деца на 56-годишниот принц и неговата 36-годишна сопруга, кои стапија во брак пред три и пол години. Алберт има и две други деца од претходни врски.