Принцот Алберт и принцезата Шарлин објавија семејна празнична честитка.
На неа, кралскиот пар од Монако позира заедно со двегодишните близнаци Жак и Габриела покрај новогодишна елка. Во позадина, се гледа портрет од незаборавната Грејс Кели, мајката на принцот Алберт.
Шармантната принцеза Шарлин блеска во креација од Ралф Лорен. Во својот стилски избор таа додаде обувки од Џими Чу.
„Нека радоста и мирот на празничната сезона бидат со вас во оваа Нова 2017 Година“ – пишува на честитката.
Кралското семејство минатата недела им делеше подароци на децата во палатата во Монако.