Кралското семејство го објави првиот официјален портрет од малата принцеза Шарлот. На неодоливата фотографија која беше споделена на Twitter, принцот Џорџ ја држи во рацете својата сестричка.
Кетрин, војвотката од Кембриџ, ги фотографирала своите две деца во средината на мај.

Британската принцеза Шарлот Елизабета Дијана се роди на 2 мај. Кетрин и принцот Вилијам го избраа името Елизабета во чест на бабата на Вилијам, сегашната кралица Елизабета II, а името Дијана во чест на мајката на Вилијам, покојната принцеза Дијана. Името Шарлот има француско потекло и е женска верзија на Чарлс, со што му се оддава чест на принцот Чарлс.
Принцот Џорџ следниот месец ќе го прослави својот втор роденден.
Дополнително, британското семејство сподели уште три фотографии од слатката фотосесија.




Крштевката на Шарлот е закажана за 5 јули.