Овогодишното издание на Греми наградите беше исполнето со емотивни моменти, солзи и насмевки.
Камила Кабејо го разнежни татко си додека му ја пееше песната која ја напиша за него.
На сцената, 22-годишната пејачка ја изведе својата нова песна „First Man“, додека покрај неа беа прикажувани видеа со нејзиниот татко од детството.
На крајот, Камила се упати до татко ѝ Алехандро во публиката, а тој не успеа да си ги задржи солзите.
ВИДЕО:
„Оваа песна им ја посветувам на сите татковци – оние кои се со нас и оние кои не се повеќе со нас, но кои засекогаш ќе ги имаме во нашите срца“ – напиша Камила на Instagram.
Камила пристигна на церемонијата со татко си и заедно позираа на црвениот тепих. Младата пејачка носеше креација од Версаче.