Warner Bros. го зголемува љубопитството на фановите за новиот филм „Barbie“ со првата фотографија од Рајан Гослинг во улогата на Кен.
41-годишниот холивудски заводник е со руса коса и ги покажува извајаните стомачни мускули на промотивната фотографија за претстојната романтична комедија.
Главната женска улога ѝ припаѓа на Марго Роби, чиј „барби“ изглед беше претставен кон крајот на април.
Филмот ќе биде режиран од Грета Гервиг, а имајќи го предвид нејзиниот стил, веројатно не нè очекува типична приказна за познатите кукли.
Премиерата на „Barbie“ е закажана за 21 јули 2023 година.