Марго Роби и Рајан Гослинг присуствуваа на настан во Хуарез, Мексико, каде го промовираа филмот „Barbie“.
33-годишната актерка беше облечена во розов фустан идентичен како оној на барбиката „Earring Magic“ од 1991 година. Таа носеше и накит сличен на оној кој го носи популарната кукла.
Рајан за настанот избра жолт костум.
Марго позираше и со својата колешка Америка Ферера.
Филмот „Barbie“ ќе започне да се прикажува на 20 јули.