Марго Роби и Рајан Гослинг за првпат беа „уловени“ од папараците за време на снимањето на новиот филм „Barbie“.
Славните актери, кои ги глумат познатите кукли Барби и Кен, работеа на заедничка сцена во Лос Анџелес.
Марго изгледа одлично во розов костим и долга руса коса. И двајцата носат каубојски шешири и розови марами на вратот.
Претходно, Warner Bros. објави две промотивни фотографии од главните ликови.
Филмот ќе биде режиран од Грета Гервиг, а премиерата е закажана за 21 јули 2023 година.