Марго Роби и Рајан Гослинг активно работат на новиот филм „Barbie“.
Славните актери, кои ги глумат Барби и Кен, снимаа нова сцена возејќи ролери. За нивните улоги, холивудските ѕвезди беа облечени во складни комбинации со неонски нијанси.
Филмот ќе биде режиран од Грета Гервиг, а премиерата е закажана за 21 јули 2023 година.