Оливија Кулпо и Кристијан Мекафри запливаа во брачните води.
32-годишниот модел и 28-годишниот играч на американски фудбал се венчаа на церемонија во Род Ајленд, на која присуствуваа нивните семејства, роднините и пријателите.
За најважниот ден во нејзиниот живот, поранешната Мис Универзум заблеска во венчаница од Долче и Габана изработена специјално за неа.
Невестинскиот фустан беше надополнет со превез долг речиси пет метри, кој совршено ја надополнуваше креацијата.
Списанието Вог ги објави првите фотографии од убавата невеста.
Оливија и Кристијан започнаа да се состануваат во 2019 година, а се верија во април минатата година.