Ана де Армас ќе ја портретира Мерилин Монро во новиот биографски филм „Blonde“.
Netflix го објави првиот краток трејлер со кој ни овозможи да ѕирнеме како ќе изгледа 34-годишната актерка во улога на фаталната русокоса, чие вистинско име е Норма Џин.
Видео:
Режисерот Ендру Доминик цели да му ја прикаже на светот приказната за Мерилин, но преку нејзините очи.
„Тој сака светот да искуси што значи да се биде не само Мерилин, туку и Норма Џин. Работевме на филмот со часови, секој ден речиси една година. Прочитав книга за неа, проучував стотици фотографии, видеа и аудио снимки, филмови – сè кое што можев да најдам. Навлегувавме во секој детаљ на фотографиите и дебатиравме за тоа што се случувало. Првото прашање секогаш ни беше: ‘Како се чувствувала Норма Џин таму?’ Сакавме да ја раскажеме човечката страна на нејзината приказна“ – изјавила Ана.
Погледнете фотографии на кои лево се наоѓа Ана на снимањето на филмот, а десно Мерилин: