Почетна » Новости » Истражувања » Мерилин Монро – најславна русокоса на сите времиња

Мерилин Монро – најславна русокоса на сите времиња

Мерилин Монро е прогласена за најславна русокоса на сите времиња. Легендарната актерка успеа да ги остави зад себе современите убавици како Камерон Дијаз и Скарлет Јохансон, покажа истражување на OnePoll.

Мерилин МонроМерилин Монро – најславната русокоса на сите времиња

Резултатите од истражувањето спонзорирано од Clairol Nice 'n Easy покажале дека Грејс Кели е на второто место, француската убавица Бриџит Бардо на третото, а Камерон Дијаз на четвртото место.

„Мерилин Монро отсекогаш била позната по нејзината иконска руса коса. Неверојатно е тоа што дури и сега, скоро половина век по нејзината смрт, таа ги победи модерните русокоси и го зачува првото место“ – изјавил претставник на фирмата којашто го порачала истражувањето.

Во првите дваесет на листата влегоа и Оливија Њутон-Џон (9-то место), Мадона (11-то место), Гвен Стефани (14-то место), Шарлиз Терон (19-то место) и Парис Хилтон (20-то место).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.